Проф. Јачева – Улчар: Затоа одбивам да ви бидам пријател!

Ск’пи наши братја, че искате да се разберем, прихванете че: аз сум Македонка по националност и говорја на чист македонски език, кој-то ми е оставен в наследствие од дјадо ми и прјадјадо ми. Този мојо објавление е опит да говорја б’лгарски че искам колкото е в’зможно по-добре да ме разберете. С’жаљавам че не сте ме разбрале, па сега ште ви напиша на мојот мајчин език на којто нај-добре изразјавам мислите и чувствата си:
Драги наши браќа, ако сакате да се разбереме, прифатете: јас сум Македонка по националност и зборувам на чист македонски јазик што сум го добила во наследство од дедо, прадедо… Национал-романтизмот од 19 век за нас Македонците е одамна зад нас, иако не сме во ЕУ како вас.

И фашизмот од 20 век за нас Македонците е одамна зад нас, ама зад вас, изгледа, се влече уште дури и на крајот од втората деценија од 21 век. Ние како Македонци, затворени на Балканот и заградени од непријатели од повеќе страни – не можеме да ви помогнеме. Вам, единствено, Европа може да ви помогне, под услов да сака малку повеќе да ве европеизира и демократизира оти нема земја во ЕУ без малцинства и без нивни права. Тоа е фашизам, драги наши браќа! Тоа!!!

А не како ќе ги именуваме фашистите од Втората светска војна. Кога сте толку силни, зошто лани сред Македонската филхармонија, додека македонските политичари ви угодуваа не спомнувајќи ни бугарски фашизам ни бугарска окупација, му одмолчавте на Евреинот од Америка, главен на светското здружение на Евреите, кога злосторството направено врз Евреите од Македонија, тој го оквалификува како дело на бугарските фашисти?! Молчеше тогаш вашиот водач Бојко Борисов. Молчат и вашите научници пред Америка и Израел. Силата си ја покажувате пред слабите, немоќните, сиромашните, унижените… А тоа, ако не сте знаеле – не е никакво херојство! Кукавичлак е и нечовештина!


И нема да бидам лицемер, па ќе речам: – Никогаш не сум ве доживувала ни како браќа, ни како добри соседи, ни како пријатели… Основен услов за пријателство е почит, а не компромитирачки договори. А вие со вашите дела и постапки на секоја средба со вашите лингвисти – сте ми го покажувале спротивното! Безмерна ароганција и нахалност и негирање на реалноста дека македонскиот јазик е официјален јазик во државата Македонија со која се граничите на Запад. СЕ ГРАНИЧИТЕ! Не е ваша! Граница има!
Мојот народ, од кој јас сум поникнала има блага семка, питом е тој, распеан и убав. И ме научил низ верата да се ,,чувам од лажни пророци кои доаѓаат облечени во јагнешки кожи, а кои однатре се волци грабливци”.
Затоа одбивам да ви бидам пријател!
Тоа кај мене и кај мојот народ – македонски, просто СЕ ЗАСЛУЖУВА!

 

Вести

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за […]

Вести

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за случаите „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“. Случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а […]

Вести

Лидерите на ЕУ се уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана

Лидерите на Европската Унија се разотидоа околу два часот изутринава по долга вечер преговори за проширувањето, но без договор и без заклучоци ни за Скопје ни за Тирана. Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за […]