Проф. Груевска – Маџоска: Сега кој ќе сноси одговорност за овој страшен пораз? Дали Уставниот суд ќе најде сили да ја поништи одлуката за промена на името? Има ли шанси Македонија воопшто?


Пред власта на незаконски начин да го смени името на Македонија, веќе беше постигнато она дека Грците „ќе ги фатиме на кондиција”. Насекаде веќе се користеше името Македонија, Македонци и македонски без проблем (освен во официјалните обраќања на одредени институции).

Тоа беше последната шанса на Грција да го спречат тоа и им направивме невидена услуга, а за нас невиден пораз. Без согласност на народот, без никакви гаранции дека ќе влеземе во ЕУ, што е тотално фијаско на македонската дипломатија, со уцена и притисок на пратеници, се направи катастрофална грешка и се отвори Пандорината кутија.

Грците и понатаму нѐ нарекуваат Скопје, а овде се брусат шахти, се преименуваат институции и папагалски се повторува новото име. Сега станавме Северномакедонци и јазикот ни стана северномакедонски, а во ЕУ не влегуваме.

Бугарија, нормално, си чекаше зад аголот. Нејзиниот став отсекогаш беше ист и не е изненадување, на тоа укажувавме цело време, иако попусто. Сега кој ќе сноси одговорност за овој страшен пораз? Дали Уставниот суд ќе најде сили да ја поништи одлуката за промена на името? Има ли шанси Македонија воопшто?


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

2 Comments

  1. Да бидеме чесни: Знаејќи го досегашното поведение на Уставните судии, се надева ли некој дека тие имаат доволно доблест, професионалност и храброст за да го направат ова?!!

    • Меѓу обичниот народ категорично НЕ. А оние необичните тие се подлизурковци и таму ке се најде некој што мора јадниот тој да тврди дека е можно такво нешто.

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*