Проф. Дарија Андовска: Да се биде Македонка/Македонец е тешка работа


Да се биде Македонка/Македонец е тешка работа.

 

 

Треба да се објаснуваш и со туѓинци и со нашинци. Особено домашни. Домашните се најтегобни.

Треба да се објаснуваш дека не живееме во земја каде не е важно да знаеш кој ти е претседател, кој премиер.

Дека биеме битки во 21 век, битки кои се за 19 век.

И дека – да, важно е!

Дека не може да не те интересира кога се работи за твоите директни предци, за твоето поколение, за сеќавања кои се уште свежи.

Не може да не те интересира кога ти роварат по корените во обид да ти го уништат духот.

Да се биде Македонка/Македонец денес е тешка работа.

Не толку тешка како во времето на Илинденците или Асномците, можеби. Барем не во крв и човечки жртви.

Но тешка е зашто треба да се објаснува на сопствената генерација дека треба да се бори за да не и’ се одземе она што е нејзино, за кое крв плукале и пролеале генерации со векови.

Да се биде Македонка/Македонец изгледа отсекогаш била тешка работа.

Ама јас секогаш сум била правиот човек за тешки работи.

Дарија Андовска, Македонка.