Проф. Даниловски: ШТО БЕШЕ ТОА ОПШТ ОПШТЕСТВЕН ИНТЕРЕС?


Даниловски: Бесмислено е да се тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторија - МИА

Човечкото општество не е збирштина од индивидуалисти, кои функционираат водени исклучиво од своите егоистични интереси.


 

Човечкото општество е (треба да биде) компактно множество на индивидуи, поврзани со една кохезиона сила, која се вика општ општествен интерес, каков што е јавното, колективното здравје.
Тоа значи, дека ако живееме во заедница, индивидуалните интереси мораме да ги подредиме на колективните.

Оттаму, одлучувањето по слободна волја, кога станува збор за закана која го загрозува општиот интерес, (мора да) има ограничен простор.

Затоа постои државата, која со свои механизми – дури и со мерки на принуда – кога е неопходно, мора да се грижи за зачувување на општиот општествен интерес – безбедност.
Освен јавното здравје, на пример, такви општи интереси се и безбедноста на државата при надворешна агресија или безбедноста во сообраќајот.

Смее ли еден член на зедницата да се оглуши на повик за општа мобилизација?
Смееме ли да не ги почитуваме сообраќајните правила и прописи?
Дали ако ги почитуваме сообраќајните прописи, ќе се чувствуваме дека некој врши притисок врз нас, дека нѐ уценува, дека ги крши нашите граѓански права?