Проф. Цуцуловски: За да можеш да култивираш и самиот мора да бидеш култивиран – воспитан, образован, облагороден


ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ И КУЛТИВИРАЊЕ. Секој кој одлучил да го дисциплинира народот, однапред ја губи битката, бидејќи животните се дисциплинираат и дресираат, додека луѓето се култивираат. Да култивираш значи да негуваш, да се грижиш, да образуваш, да усовршуваш и облагородуваш нешто или некого со љубов, грижа, трпеливост. На ова упатува и самиот збор „култивирање“, кој потекнува од латинскитe зборови „cultivare/colere“ и значи негување, одгледување, облагородувње, усовршување, збогатување, почитување… Меѓутоа, за да можеш да култивираш и самиот мора да бидеш култивиран – воспитан, образован, облагороден. Во спротивно, општеството и државата се преобразуваат во човечка фарма/менажерија, која не ќе може долго да ја поднесе пресијата – дисциплинирањето и дресирањето на секој чекор и секој ден. Еден ден, по најмал повод, фармата може да експлодира


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]