Проф. Цуцуловски: ТРИ ЕДНОСТАВНИ ПРАШАЊА


ТРИ ЕДНОСТАВНИ ПРАШАЊА. Било која македонска влада нема што да разговара (особено не за сѐ и сешто) со која било бугарска влада, туку доволно е да постави три едноставни прашања, макар што одговорите се познати. Трите прашања се:


 

(1) Бугарските власти да објаснат/одговорат во која функција и со каква мисија Царска Бугарија дошла на територијата на Македонија 1941 година?
(2) Што правела и како се однесувала во Македонија во периодот 1941-1944 година?
(3) Која била причината што во 1944 година се повлекла од територијата во која влегла 1941 година?
Прашањата не се бројни. Сепак, неопходни се за нештата да станат јасни дури и за тие (како надвор, така и внатре) кои и понатаму глумат недоветност/збунетост/нејасност.