Проф. Цуцуловски: СПОРЕД КОЈ УСТАВ Никола Димитров?



СПОРЕД КОЈ УСТАВ? Никола Димитров, замислувајќи се во улога на министер за надворешни работи на непостоечка држава (Република/северна/Макекедонија) ја предупреди Рашела Мизрахи (прв човек во Министерството за труд и социјална политика) дека мора да го почитува Уставот и да го смени името на министерстовото на чие чело се наоѓа. Меѓутоа, вообразениот министер, пред да критикува, најнапред треба да размисли за некои нешта. (1) Дали според Уставот на Република Македонија беше предвидено второ давање на мандат за формирање на влада. Имено, според Уставот (член 90) воопшто не е предвидено втора можност за давање мандат, ако после првото (и единствено можното!) доверување на мандат не дојде до формирање на Влада. Никола Груевски не успеа да собере парламентармо мнозинство и, во таква ситуација, природно и уставно беше да се распишат нови избори. Наместо тоа, претседателот Горге Иванов мандатот го довери на Зоран Заев, кој вети дека ќе се бори за зачувување на Уставот, интегритетот на Државата и дека нема да ги спроведува барањата од Тиранската платформа. Веќе и овој момент (второ давање на мандат) говори дека сегашнава власт, вклучувајќи ги и министерските функции, не се според Уставот и законите на Република Македонија, т.е. не се легални. (2) Конституирањето на Собранието (особено изборот на негов претседател) беше постигнато после неделовнички продолжена седница, водена од деловнички неизбрана личност, со проблематично мнозинство пратеници и без каков било записник. (3) Никола Димитров го потпиша договорт во Нивици, без да биде овластен од Претседателот на Државата, што е, инаку нормална постапка. Според тоа, дали Договорот поседува законитост. (4) Промената на името и Уставот, беа направени и покрај пропаднатиот/неуспешен Референдум. Тогаш, дали овие промени се легални и легитмни. (5) Промената на името, како и на Уставот, беа објавени без потпис на Претседателот на Државата, што е наспроти легислативата. (6)….

Сметам дека нема потреба и понатаму да набројувам што сѐ незаконски и неуставно беше направено за да може сегашнава власт, вклучувајќи ги и министрите, да се сметаат за легални, односно законски и уставни. Оттука, од каде му правото (освен паниката!) на Никола Димитров да дели лекции за законитост и уставност, особено кога неговата критика, упатена кон Рашела Мизрахи, доаѓа по усмено (у с м е н о!) барање на Република Грција, која нема ништо (или, скоро ништо!) спроведено од т.н. Преспански договор?

https://expres.mk/po-notata-od-atina-dimitrov-bara-razresh…/


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]