Проф. Цуцуловски: Собирањето потписи против Законот за попис било деструктивно (?!)


ДЕСТРУКТИВНОСТ. Собирањето потписи против Законот за попис било деструктивно (?!). Меѓутоа, што ако самиот Закон е деструктивен? Затоа, доста беше полититичарите и нивните партии да се служат со меѓусебни етикетирања (всушност, шамарања) без каква било поткрепа на тоа што го тврдат, бидејќи токму ваквото однесување (ништо да не се образлага, туку само да се тврди) е најдеструктивното односување во Република Македонија. Ова важи како за оние кое се на власт, така и за оние кои не се на власт.