Проф. Цуцуловски: Сепак, и понатаму, Европа не ја вадат од устата


НУЖНИЦИ. Требаше да се појави ковидот, па да сфатиме во каква мизерија живееме. Додуша, не да не знавме за неа, туку досега не ѝ го пружавме нужното внимание. Конечно, помеѓу другото, продре во нашата свест сознанието во каков систем и во какви објекти се школуваат и образуваат нашите деца. Доволно е само да се погледаат училишните н у ж н и ц и. Намерно го употребувам зборот „нужници“, ризикувајќи на некоја префинета и нежна душичка, зазвучел дегутантно, бидејќи нужниците не се прават заради нечиј ќеф или за задоволување на луксузна потреба, туку се прават заради нужда. Затоа и се нужници. Ако нужниците – значи тоа што треба да задоволи една елементарна човекова потреба – се во ваква состојба, тогаш само можеме да си замислиме како изгледаат останатите нешта во оваа недржава, како и начинот на кој се задоволуваат другите човечки потреби.

Во меѓувреме, со видео обраќање, се јави Филипче. Господинот бара граѓаните (што значи, неродот) да имале разбирање и подршка за владините одлуки, неводејќи сметка дека работите стојат обратно – не постои народот да ја разбере и поддржува власта, туку власта постои да ги разбере и поддржи потребите на народот, бидејќи, ако се продолжи вака, сѐ повеќе ќе запаѓаме во заслепувачки светлата иднина. Сепак, и понатаму, Европа не ја вадат од устата.


Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Опозицијата бара надзорна расправа за „Еуростандард банка“ во Собранието

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка“. Иницијативата е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*