Проф. Цуцуловски: Македонија, по којзнае кој пат ќе се најде со прстот во устата


ПОТСЕТУВАЊЕ. Веќе небитно е кое бугарско барање ќе биде прифатено, бидејќи кое и да се прифати, вклучувајќи ја и тезата дека Македонците и македонскиот јазик имаат бугарски корени, не претставува гаранција за прием, бидејќи (уште пред една година) ЕУ отворено порача дека евентуално започнатите разговори секој момент можат да бидат прекинати, или вратени на почетната точка, ако некоја земја-членка така побара. Притоа, не треба да се изуми дека одлучувањето во ЕУ – вклучувајќи го и прашањето за прием – е со к о н с е н з у с. Тоа значи дека, сеедно на отстапките што би се направиле, секоја членка (вклучувајќи ја и Бугарија)секој миг може да постави в е т о и Македонија, којзнае по кој пат, да се најде со прстот во устата. Или, што е исто, да се најде никаде и заникаде. Оттука, какви било разговори, или отстапки, губат секаква смисла. Ова терба да го има предвид секој македонски граѓанин и политичар, оти сѐ друго е само грозно замајување.




Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*