Проф. Цуцуловски: ДНО?



ДНО? Она што денес се случуваше во Софија ни приближно не претставува дно на оваа власт.


 

Таа, практично, не ни зане за дно. Затоа, цело време тврдев, и сѐ уште тврдам и ќе тврдам, дека таа не нѐ внесе во провалија, туку во б е з д н а, која (по дефиниција) нема дно. Тонењето, како и самопонижувањето на овие сенишни суштества и понатаму ќе продолжат. Со тоа, ќе продолжи и наметнатата деструкција на достоинството на македонскиот народ, меѓутоа и на секој граѓанин на оваа сѐ-уште-држава.