Проф. Цуцуловски: Би било добро д-р Драган Ѓеоргиев своите колеги од Бугарија да ги потсети на судбината на Македонецот Васил Антовски – Дрен

ПОТСЕТУВАЊЕ. Би било добро д-р Драган Ѓеоргиев, првиот човек на македонската Комисија за ревизија на некои историски настани, поврзани со бугарската историја, своите колеги од Бугарија да ги потсети на судбината на Македонецот Васил Антовски – Дрен и да им предложи (ако треба и да инсистира) во бугарските учебници да биде приложена и фотографијата од спомен плочата посветена на овој херој, бидејќи довербата помеѓу државите не се гради со премолчување на нештата, туку со отворено и директно кажување на работите. Треба, исто така, да им објасни (ако не знаат) дека Бугарија, како дел од Тројната фашистичка оска, беше губитничка земја во Втората светска војна, за разлика од Македонците кои активно, со борба, беа на победничката страна, заедно со Западните сојузници и со Црвената армија. Барем толку овој господин може да направи, наместо да отстапува и да се правда како сè што се прави да се прави за доброто на македонската држава и македонската нација. Ова треба да го знаат и припадниците на младата бугарска генерација, бидејќи вистината досега никому не му наштетила. Напротив, таа само помагала да се стекне взаемна доверба.

П.С. Куќата, со спомен плочата, се’ уште постои. Се наоѓа на улица „Никола Тримпаре“, бр. 21 – Скопје.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]