Проф. Цицонков: Ем плаќаме парно, ем плаќаме плус за струја за греење

Денес гледам на јавните медиуми разговор со граѓани кои се жалат дека се приклучени на топлификационен систем (парно греење), а деновиве во системот не пуштаат греење иако наутро и навечер е многу студено. Заради тоа, вклучуваат или клима уреди (топлински пумпи) или електрични греалки, особено ако во домот има мали деца и/или постари луѓе. Велат, ем плаќаме парно, ем плаќаме плус за струја.

Венаш можам да заклучам дека становите (зградите и куќите) во кои живеат овие граѓани или немаат топлинска изолација на ѕидовите (и другите прегради) или имаат изолацијата која е недоволна. Ако објектот е топлински изолиран според новите правила, таков проблем нема да имаат наутро и навечер. Ако станот преку ден има 21 оС (со отворен прозорец може и повеќе), тогаш преку ноќ се оддава многу малку топлина низ ѕидовите, така што наутро температурата во просториите нема да падне под 20 оС.

Во врска со топлинската изолација на објектите подготвувам напис со подетално објаснување.

Facebook
Twitter
LinkedIn