Проф. Апасиев: Aј вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи – ама со прост јазик…


Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи – ама со прост јазик…

„ВД Специјален обвинител“ не постои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол 😂
За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!
А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пичкљарда фази – па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење – кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа

#СичкоСиИмаПроцедураБе


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]