Проф. Ачкоска: Зошто постои МАНУ како институција ако не го брани јазикот, името, идентитетот, историјата?



Убав ни е јазикот македонски. Само да ги слушнете охридските китки на оригинални песни од почетокот на 20 век (ги собирал С. Мокрањац) ќе се стоплите од милина. Незаборавна музика и еден прекрасен архаичен јазик што се зборувал во Охрид. Да не кажувам за бројните македонски дијалекти. Нека послушаат бугарските академици кои изгледа имаат проблем со сопствениот јазик и идентитет. Долго време веруваат во перпетум мобиле. Од ништо да создадеш човек, јазик, народ?!. Ниту едно дрво не никне на земјава ако нема корен. Македонското милениумско дрво многупати го сечеле, ама коренот е длабок и секогаш по долгата зима доаѓала пролет со нови фиданки. Со нови генерации Македонци. Жално е што кај нас нема академија од типот на БАН, САНУ, ЈАЗУ итн.

Зошто постои МАНУ како институција ако не го брани јазикот, името, идентитетот, историјата. Или нека застане на браникот на Македонија или нека замине во нечија “заедничка историја”. Чест на поединци. Македонскиот народ постои со свој јазик , традиции и култура, со своја историја. Кој се плаши за сопствениот идентитет или сака да ги прикрие црните дамки од сопственото минато бара “заедничка” историја. Ние Македонците имаме премногу историја. Не ни е потребна туѓа. Македонија на Македонците. Вечна.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]