Петар Котевски: ЗА НОРМАЛНИТЕ АЛБАНЦИ…


ЗА НОРМАЛНИТЕ АЛБАНЦИ…

Можам да разберам зошто легалното крило на Албанската мафија (политичките партии на Албанците во Македонија) ги поддржуваат сите штетни договори по Македонците. Тие се оние кои се закануваат дека ќе не дестабилизирале ако не сме влегле во НАТО по секоја цена.

Разбирам. Тие се расипани криминалци и од нив не може да се бара човечки интегритет и достоинство.

Ама не можам да разберам нормални Албанци, кои очекуваат да живеат до своите сограѓани Македонци, да глумат слепило кон идентитетскиот инжинеринг кој ни се случува.

Истите оние Албанци кои се жалеа на мајоризација, кои бараа еднаков третман на нивната традиција и култура, и кои од нивните сограѓани Македонци добија огромни акомодации на оваа тема, со што јасно се покажа дека Македонците се подготвени да излезат во пресрет на своите комшии.

Нормален Албанец кој го поддржува она што јасното мнозинство Македонци го отфрла во суштина ни покажува нам дека всушност она за што се „залагале декларативно“ било само параван позади отворената територијално негаторска политика на Албанското криминално подземје, кое – да ве потсетам мои комшии Албанци – е поголем проблем за вас отколку за нас.

И да ја добиете територијата што ја сакате – кој мислите дека ќе владее со неа? Можете да видите како тоа ќе изгледа во Косово и Албанија – земји во кои остензивно владее Албанската мафија.

Вас, Албанците свртени кон иднината ви треба космополитизмот на Македонците, затоа што тоа е противотровот на етно-племенскиот конзерватизам кој владее во вашата етничка заедница – и поради која вашите ќерки ќе имаат проблеми да се еманципираат, и припадниците на маргинализираните заедници ќе страдаат.

Срам да ви е.

Вести

Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот […]

Вести

Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски

Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за […]

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]