Петар Котевски: Ќе измислат некоја дубара, некоја кованица – условно предусловен датум


Да не се лажеме – подземната дипломатија (онаа потплатена од мафијашки пари) работи 24/7 на свиткување на правилата на ЕУ за во Октомври да се даде некаква верзија на датум.

Ќе измислат некоја дубара, некоја кованица – условно предусловен датум за претпристапни условни договори, ама во името некаде ќе стои зборот датум. Предалеку ја истераа работава за комплетно цела инвестиција да си пуштат низ вода (иако еве, и тоа е можно, ама не многу веројатно).

Со таквата квалифицирана „победа“, ќе не потечат гмизавците во владиниот ПР. Ќе се чакарат караконџули на телевизија прогласувајќи ја секоја разумна анализа за безобразието на истурените дипломати на ЕУ кон Македонија како евро скептицизам, радикална десница или Руска пропаганда.

Не се ложете на глупоста – еј овие нема ни датум да добијат. Тие минатата година, на очигледно недобиен датум славеа низ Македонија – па сега очекувате нешто помалку.

Затоа муабетот не треба да биде – еј нема да добиете датум. Нешто што личи на датум, направено од кал и сламки, ќе добијат. Муабетот треба да биде – сиктер окупатори, со или без датум.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]