Отец Димитар: Јас уште немам чуено некаде да се соберат швалери и да бараат права

ЧЕКАЈТЕ МАЛЦЕ ДРУГАРИ

Бидна Павле, помина и Евровизија, и оп Pride парада. И тоа ќе помине, секое чудо за три дена.
Она што ме чуди е следното: Кои слободи и човекови права се нарушени? Секој, ама баш секој граѓанин без разлика на која сексуална група припаѓа го ужива правото на едукација, здравствено осигурување, вработување, пензија итн. Сето ова не прави рамноправни. Јас навистина не разбирам што се подразбира под поимот „унапредување на правата“, што повеќе? Знаеме дека постои таква категорија на луѓе и за нивната сексуална ориентација и тоа си е нивно право, но која е потребата својата интимност така манифестно да ја споделуваат.

Јас имам неколку познаници кои се јавно декларирани како хомосексуалци, луѓе кои ми се ОК, односот ни е најнормален како човек со човек, сме пиеле кафе по кафулиња, но во нашето пријателство не се поминати „црвените линии“ на блискост, а што ми се допаѓа кај нив ниту им смета мојата религиозност (како што мене иако сум во мантија ми пречи нивната сексуална определба, крај краева слободната волја е дадена од Бога), ниту пак имаат кукано дека се дискриминирани или третирани како граѓани од втор ред, едноставно си го тераат животот и тоа е тоа, не се наметнуваат како надчовек за кој е потребен посебен третман ради неговата сексуална ориентација. Нели тоа нас што не сме хомосексуалци не става во втор план, нели е малку дискриминирачки?

Ќе речат вие поповите и Црквата ги мразите хомосексуалците и имате одбивност. Апсолутно неточно! Немам(е) ништо против конкретна личност, но имам(е) против некои појави вклучувајќи ја тука и рекламата на хомосексуализмот. Во местата од Новиот Завет каде се осудуваат некои појави не е се осудува само хомосексуалноста, туку и прељубата (кај стрејтерите), лажењето, крадењето, лицемерието… се е ставено во еден кош. Јас уште немам чуено некаде да се соберат швалери и да бараат права a и тие од љубов кон своите љубовници се поттикнати на таквиот чекор. Ајде ако е бал нека е маскенбал. Под превезот на љубовта да им дадеме права и на педофилите, зоофилите, некрофилите…

Како и да е, победата во секој случај е ваша. Полека но сигурно си успевате. Ќе продефилирате, гужвата ќе биде од „прогресивни“ подржувачи од претставници од невладини, прашање е колку од нив ќе бидат вистински хомосексуалци, ама тоа е тоа.

Што да кажеме друго освен да Ви посакаме мирна парада со надеж дека ќе помине без инциденти оти дури тогаш ќе биде весело кога ќе почнете да се претставувате како маченици.

И да не заборавиме дека еден ден сакале или не, верувале или не ќе треба пред Него да дадеме отчет…

 


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]