Огнен Јаневски: Сакале или не, за жал ДУИ почнува да го прави тоа што многумина го изгубија или не го дофатија


Ич да не им се смеете на ДУИ, ни, пак да се чудите како одеднаш преминуваат во ,,зелена” партија.
Како и многупати досега, Ахмети и ДУИ, први го фаќаат возот за многу нешта, а тогаш кога ќе почне да им бега од перонот, точно знаат како да се вратат назад во купеата. И со/преку кого, врз основа на ,,дуинг бизнис”.


 

Сакале или не, за жал ДУИ почнува да го прави тоа што многумина го изгубија или не го дофатија, а токму животната средина е тоа што ќе биде во топ 3 во блиската, многу блиската иднина за нас, но, и за светот.

И ако некој општата штета и лицемерност на ДУИ ја глорифицира со ваквите потези, тогаш не му е местото во политиката, затоа што не ја сфаќа. Но, не им е местото во политиката и на тие кои ги потценуваат и кои и’ се смеат на ваквата „ноншалантност“, оти тоа е уште понеуко.

P.S. И не, не беше овој ПР со ,,wow” фактор за нас. Беше на најсоодветното ниво за општата, желна за сензации, популација во Македонија. И не треба да се изучува во учебници, затоа што е демоде во светот, но, треба политичките потези на ДУИ да се изучуваат, зашто тие со себе носат ука за другите. Без разлика дали ја сфаќаат негативно, или позитивно. Науката сепак ги проучува и двете. 😉
#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ❤❤❤