Огнен Јанески: Прашања без чиишто одговори не излегуваш на ниво на премиер и на двајца министри за да држиш прес-конференции…


: Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии. Некој требало да ја подучи кога ја поставија за министерка како се комуницираат новинарски прашања и како се одговараат, па дури и кога не си баш среќна за нив, оти најчесто се такви. А не да се потсмеваш во заднина Или, пак, како Бектеши да даваш квалификации за реченична конструкција, наместо одговор.
Колешките Александра, Наташа и Тања, како и колегата Иле имаа многу прецизни и стручни прашања, зашто со годиништа следат економски сектор, па овој однос е уште поинфантилен.
И на крајот, повторно и по 45 минути „одговарање“ прашања, јас сè уште не можев да им одговорам на гледачите во денешната емисија на следните прашањa:
1. Каде граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
2. Кога граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
3. Дали невработените граѓани кои не се во регистерот на АВРМ (неактивни баратели, но и невработени) ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
4. Како ќе се генерираат тие кои ќе добијат помош преку системот на УЈП? Каква е процедурата воопшто?
5. Дали сите студенти и млади до 29 години ќе добијат помош, доколку се на пример три студенти од исто семејство/домаќинство?
6. Кои се условите за да се добие платежната картичка?
7. Дали пензионерите со пензиски примања кои се пониски од 15.000 денари ќе добијат помош, односно ќе бидат во генерирањата за платежни картички?
8. Кои граѓани ќе можат да добијат платежни картички, како и зошто?

Многу прашања – клучни и основни. Прашања без чиишто одговори не излегуваш на ниво на премиер и на двајца министри за да држиш прес-конференции за истите нешта два пати и притоа како министер/ка си со циничен однос кон прашањата на новинари, кои во секторот се десет години подолго од тебе. Па и да не се. Таквиот однос ќе ти се одрази. Зашто доколку ние не ги пренесеме одговорите на граѓаните, тие нема да знаат што вие сте си уредиле. Истото е и кога најавувате да се активираат граѓаните, а нема никакви насоки дури ни на основните прашања – кои, како и каде?
Ама ќе било. Веројатно тамам пред избори. Како 100-те евра на Вучиќ пред да почне со онлајн-митинзите.

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]