
Знам кој сум, што сум и на кој јазик говорам. Нема зошто во 2022 година да објаснувам ниту јас, ниту ние како држава.
Нема зошто да молчиме, да премолчуваме и одново да попуштаме. Нека одмори Уставот.
Нема зошто да се “договараме” дали била окупација и дали биле фашисти или не, тоа веќе е историска вистина и факт.
Доста е коленичење. Имаме достоинство.
Срамота е да чекаме друга држава да се бори за нас наместо ние самите.
Време е за НЕ.
Од сите лидери на партии, заедно, на прес конференција.