Милошоски: Почнаа да се ситнат деновите од ноември, а од предлог буџетот ни трага ни глас


Предлог-буџетите во 2014, 2015, 2016 и 2017 година, од страна на владата до Собранието секогаш беа доставувани во текот на месец септември. Тоа е знак на соодветна координација меѓу институциите и добро менаџирање на процесот од стана на М. Финансии како надлежна установа.
Оваа година почнаа да се ситнат деновите од ноември, а од предлог буџетот ни трага ни глас. Слично беше и во 2018/19 година. Тоа е сигнал за два крупни недостатоци
– прво, владата во предизборното брзање нема јасен концепт за буџетско насочување и за ефикасно искористување на капиталните инвестиции, чија реализација е очајно слаба и
– второ, Министерството за финансии и економскиот тим Заев-Анѓушев-Нина Групер немаат капацитет да дефинираат приоритети за кои ресори ќе се одделат повеќе средства (дали за образование, здравство, животна средина, земјоделие, култура, инфраструктура, дипломатија или одбрана итн?). Секој министер влече на своја страна, некој воден од фамилијарни бизнис интереси, или партиски неисполнети ветувања, а во тимот на Заев нема буџетски стратег кој ја согледува големата економска слика и кој има капацитет да пресече за буџетските приоритети.
Што можеме да очекуваме во вакви околности? Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата “пиши, хартијата трпи се”. И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]