Милошоски: г-н Анѓушев, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите?

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, гостуваше на #СамоВистина, ја искористив приликата и поставив online прашање кое гласеше: г-н Анѓушев, наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите?
Еве што одговори г-н Анѓушев после скоро 2 години на власт, одговор кој личи или на оградување од овој проект или на префрлање на целата одговорност на министерот за финансии за (не)остварување на владиното предизборно ветување:
“Пред било која реформа да ја направите потребна е опширна анализа, таа анализа се прави во М. Финансии. На Економскиот Совет сме ја разгледувале и мислам дека министерството за финансии ќе излезе со таква анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање. Не би можел конкретно да ви одговорам за таа реформа, сепак е во ингеренции на министерството за финансии, но да ги видиме анализите, да ги видиме математиките, тоа се однесува на граѓаните кои трошеле и плаќале ДДВ сметки, нешто да им се врати, на некој начин и да се зголеми фискалната дисциплина. Не би можел да кажам кога ќе биде тоа, но еве пак да потенцирам тоа е сепак во ингеренции на министерството за финансии, тие имаат тим кој работи на тоа прашање”

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*