Мицковски: Првата и основна корупција почнува токму од партиските преговори и коалиции


Првата и основна корупција почнува токму од партиските преговори и коалиции, нешто што е особено нагласено кога се прават нови мнозинства кај нас.


 

Така доаѓаме до апсурдот во 4-5 години речиси секое министерство да променило 3-4 министри, цели раководни тимови, стратегии, пристапи и цели.

Па која држава може да функционира со вака висока корупција и вака нестабилни раководства, министри, функционери, кога знаеме колку институциите се слаби и дека се зависи од моменталниот политичко-партиски шеф.

Овој луксуз ни богати и развиени држави не можат да си го дозволат, камоли ние.
Затоа не треба кај нас да постои можност за постојано менување на коалиции, зошто нема крај од диловите и корупцијата, а се тоа оди на штета на државата и на граѓаните.

Да не збориме дека ова само ја зголемува неодговорноста и партизацијата, па дури и партиската фрагментација.

Уценувачката моќ на малцинските етнички партии станува особено неподнослива за системот, било во услови на реконструкција, ново мнозинство или каков и да е обид за некаква реформа.