Мицковски: Од големи националисти, квазипатриоти и бранители на Голема Македонија, силни вмровци и војводи не бива Македонец

Што е поуката од личната приказна и конвертитството или апостазијата на Пендиков.
Од големи националисти, квазипатриоти и бранители на Голема Македонија, силни вмровци и војводи не бива Македонец.

На првата кривина ќе се шитнат.

Од друга страна има и прагматичен момент, да се биде граѓанин на Македонија е тешка мака, да се биде патриот во ова криминално и коруптивно невреме е уште потешко, па оттука разбирливо е човек да земе туѓо државјанство, да се декларира како Бугарин, и да си бара среќата понатаму.
Ама не, овој дечково од доверба на Бујар, сакал тука да биде Бугарин, во оваа држава на стаклени нозе што политичарите ја испокрадоа и понижија.
Значи сакал да биде петтоколонаш и така да напредува во животот.
Ок, негов избор.

Што е опасно по нашата држава, по оваа руинирана касаба, кога Бугарите ќе влезат во Уставот?
Што полека ќе стануваме тринационална држава, и за многумина до вчера големи Македонци, ќе им стане мошне привлечно, а богами и профитабилно, да станат освестени Бугари и тако даље.
Па видете го дечково, стана балканска ѕвезда, авиони за него полетуваат, министри одат на пољуби рука, му тешат мајка, му веруваат на збор, човекот е печен за политичка кариера, и тоа у голема лига, не некои Вардар или Пелистер.
Јебеш УМС, тие се мртви ко и СДММ, иднината е млади бугарски сили, златно доба за Албанци, пријави се денес Турчин, утре Влав, во најмала рука на некој државна листа за работа ќе убодеш.
Е, кутро мое државиче, стана претешко и прескапо човек да е обичен Македонец, камоли уште почитуван и добронамерен, слободен граѓанин.

Facebook
Twitter
LinkedIn