
Ајде вака, пред да го обвиниме народот за се.
Мерките не се носат колку да се донесат, мерките се носат според капацитетите на државата и според културолошките навики на луѓето. Ако на луѓето им дадеш прст, бараат цела рака.
Тука што се направи? Се пушти СЕ НАЕДНАШ! Од карантин, ни се даде комплетна слобода. A кога даваш комплетна слобода (упс, извинете, освен отворање на библиотеки), луѓето ќе грабаат повеќе и повеќе. Па наместо двајца ќе седнат четворица, наместо четворица ќе седнат 6 души. И така полека, додека не увидат дека им се може буквално се!
Е затоа постојат властите, кои имаат должност да го предвидат и санкционираат тоа. Па има да стават редари на секој чекор, има да шета полиција низ секое маало, има да се воведат сериозни казни за неносење маски и недржење дистанца, има да фрштат инспекции, има да се влегува и по свадби и по крштевки.
Гледате дека молењето не помага. Гледате дека апелите не помагаат. Гледате дека спотчињата ви се џабе. Епа ако гледате, тогаш и ќе дејствувате. Вие треба да знаете и да смислите како, во име на останатите кои и покрај комплетната слобода, си дадовме ограничувања.
И не, не ги правдам луѓето. Ама вината, кога е во прашање државата и колективното здравје, не може да е секогаш кај народот. Народот е тој. А вие најдете начин да се справите со зачувување на колективното здравје. Извинете, ама од оваа инстанца, мене ми личи дека ви беше полесно да кренете раце.