Љупчо Златев: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор!


ЗА ПРАВДАТА И ЗА МАКЕДОНИЈА МОЖЕТЕ СЛОБОДНО ДА МЕ СТАВИТЕ ВО ЗАТВОР!

Почитувани, денес Основното јавно обвинителство објави дека ќе поднесе обвинение затоа што сум објавил злоупотреба во Управата за безбедност и контраразознавање.

Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност.

Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен ЈАВЕН ИНТЕРЕС и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам!!! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!

Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло!

Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш!

Љупчо Златев
Главен уредник на Економски Лидер


Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја - МИА
Вести

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи

Скопје, 8 август 2020 () – Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*