Љупчо Ристовски: Пред наши очи се случува атак од властите врз вредносниот концепт на семејството и бракот

Пред наши очи се случува атак од властите врз вредносниот концепт на семејството и бракот, со родова наместо полова еднаквост и со вордингот Родител А и родител Б наместо мајка и татко во Законот за семејство, се менува смислата на од Бога востановените институции брак и семејство…
Потоа со новите измени на Законот за абортус се разорува првиот благослов од Бога за човештвото…плодете се и множете се, за да власта со таквиот либерален концепт подмолно го ништи потомството на нацијата…
Со државни пари се субвенционираат лубриканти за хомосексуалците, се стимулира и поддржува парада на гордоста или на глупоста на ЛГБТТТТ и уште не знам колку се букви не додадоа…оти злото е во експанзија и тоа е поттикнато од владата и од сдссм политиките.

Со ваквиот пристап во полза на злото и лукавиот, нацијата освен неговите огнени стрели и нема што друго да очекува. Целата нација е ставена на ветрометина, на отворен простор каде дострелот на огнените стрели на злото е до секој еден од нас. Ако станете слуга на злото, тогаш сте негов извршител и од тоа може да произлезе само зло и ништо добро. Таквите стануваат борци против Бога и крајот им се знае.

Е затоа е важно, морални столбови да владеат со нацијата и државата, ако сакаме благонаклонетост од Бога, и затоа е важно верни во Господа да се во политиката и во власта…оти и Библиски е…”..тој кој знае да чини добро, а не го прави…прави грев.”

Затоа света задача на секој еден на овие простори македонска земја, е да го крене гласот против ваквото стрмоглаво отуѓување од Бога и од вредностите кои ние како нација ги имаме во крвниот запис.

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА ќе стори се заедно со вас, добри и честити Македонци и со сите други добри и честити сограѓани да се спротивставиме на ширењето на злото на наше тло. Ќе сториме се, со сето наше срце, сила, душа и разум и со Божја помош да го вратиме Господа и Неговата вредност на општествената сцена во Македонија.

Затоа ни е потребна силна поддршка на секоја искрена и чесна душа македонска…


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]