Ковачки: Тој што се откажал од својот народ, нема повеќе право да се нарекува припадник на тој народ, а најмалку да биде негов водач


Тоа што немаш срам оти немаш основни познавања од историјата на сопствениот народ, не ти дава право да ја навредуваш цела нација.
Ова не е политика, ова е лигавење и молење милост за нешто за што ние Македонците не сме виновни.
Значи, колку и да не си ја сакаш сопствената држава и народ, немој тоа да му го кажуваш на туѓинец, оти така се навредуваш и самиот себе (што во моментов е најмалку важно).
Тој што се откажал од својот народ, нема повеќе право да се нарекува припадник на тој народ, а најмалку да биде негов водач.