Јани Бојаџи: Не знам што ве возбуди Столе синоќа на Манаки?! Па тој ова го збори педесет години


Не знам што ве возбуди Столе синоќа на Манаки?! Па тој ова го збори педесет години. Од неговиот долгометражен документарен филм “Австралија, Австралија“ па се “До Балчак“, Македонија е темата на несомнено најголемото и најважното име во светот на филмот во ова земја! Во овој момент дури и да сакам, нема што да додадам на големината на Столе Попов. Тој е трајна и конзервирана вредност која ќе стои највисоко во полиците на историјата на современата македонска држава. Столе Попов е уметник кој станал народен уште додека е жив. Има стотици илјади луѓе кои кажуваат реплики од негови филмови без воопшто да ги имаат гледано а голем дел од нив без воопшто да знаат дека тоа се реченици на карактери од филмови! Столе Попов е веќе фолклор, па да се зборува за него е лесно. Особено мене ми е лесно. Го обожавам неговото творештво а го почитувам и сакам тој огромен човечки габарит со се што содржи во него. Добрите намери и желби кон се и кон секого и безусловнта вљубеност во Македонија и ,Македонците се најголемиот содржински простор на Столе. Најмногу сакам да го слушам неговото гласно и немилосрдно зборување на сите теми, насекаде и на секое место. Најпосле, што има јас да мислам. На телевизијата во која работам во последните години емитувани се сите македонски играни филмови. Филмовите на Столе Попов Црвениот коњ, Среќна нова 49, Тетовирање, Џипси Меџик и До Балчак се содржините што постигнуваат највисок рејтинг на гледање! Вие драги мои го избравте Столе Попов, а не тие што синоќа во Битола како жаби пред питон уплашено стоеа и гледаа како Столе Попов зборува достојно на Македонија, на себе си и на професијата! “Уметникот не постои за да се покажува себе си и својата личност, туку за да биде во служба на некоја друга, општа, повисока идеа! Вистинскиот уметник секогаш е слуга кој се обидува да си го отплати талентот што го добил на чудесен начин!“ – Вака зборуваше Андреј Тарковски во минатото, така зборуваше синоќа и Столе Попов во сегашноста. Сите големи зборуваат со ист јазик, нели?! Има надеж за Македонија и Македонскиот филм. Тие што беа таму се плашеа да ракоплескат, ние, оддлеку се охрабривме овојпат да не ја оплескаме! Оти: “Eбати животот ако не си спремен да умреш за него“! До следниот филм, Мајсторе.




Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

2 Comments

  1. Се е О.К. само што….со таква реторика почнавме да го браниме и името на Македонската држава!

  2. НАС МАКЕДОНЦИТЕ не. не возбуди МАКЕДОНСКИОТ ГОВОР и љубовта кон татковината
    ГИ ВОЗБУДИ КРЕМИНАЛЦИТЕ ТЕОРИЧАРИТЕ КОМУЊАРСКИ И СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА МРАЗАТ СВОЈАТА ФАМИЛИЈА И СВОЈАТА ДРЖАВА Е,,,,, ЗАТОА СЕ ВОЗБУДИЈА УМНОБОЛНИТЕ,,,,,

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*