Јани Бојаџи: На кој нормален човек се однесува тој закон за Јавно обвинителство?



Драги мои, општо земено, сосема, ама сосема ми е неразбирливо зошто толку отпор за нешто толку очигледно и бесмислено!?

Тие, оние што се нарекуваат Европа и Америка, решиле да ни донесат некој Закон за кој и мало дете може да разбере дека им е потребен – единствено на нив самите!

Кој нормален човек во ова земја има потреба од тој закон за Јавно обвинителство? На кој нормален човек се однесува тој закон за Јавно обвинителство?

Прочитајте го и кажете ми со што, на кој начин и како тој Закон видно ќе го подобри животот на 100, и словом: сто луѓе во Македонија а да не се работи за политичари или криминалци?!

Овој нивен Закон драги мои не се однесува на нас!

Овој закон треба да се прифати со 120 гласа за, затоа што е бесмислен како и сите други закони донесени во ова замја во изминатите 3 децении а биле предложени или истуркани милом или силом од таканаречената “меѓународна заедница“!

Исто како што беа донесни сите “фатални и за нас и нашата иднина толку важни“ договори, платформи и спогодби! Исто како што ќе ги донесат сите идни, само за нив и нивните скапи буржуаски и мазни газови потребни договори, спогодби, закони и устави!

И за 6, и словом: шест месеци истите тие Европа и Америка и нивните домашни трабанти ќе излезат со заеднички став дека овој сега толку важен и совршен Закон за Јавно обвинителство кој “ќе ги реши сите наши проблеми и ќе го отвори патот кон евро-атлантските перспективи“ – не е добар, не чини и треба да се замени со нов, многу подобар!

Притоа, ќе не обвинат:
Дека ние сме го донеле тој закон за Јавно обвинителство!
Дека ние сме го напишале толку лошо!
Дека ние со нашето брзање и незнаење сме виновни за овој лош Закон!

Дека ние сме беден народ што не слуша, не почитува и не прифаќа ништо во што тие се убедени дека е единствено и само за наше добро.

За една година од денес ќе бараат да се донесе нов Закон за Јавно обвинителство!

И се така во круг, наредните 30 и словом: триесет години!

Има ли чаре? Секако!
Не крадете, не лажете, не бавете се со политика, работете утре повеќе од денес, сакајте, почитувајте, учете, усовршувајте се, барајте повеќе и очекувајте повеќе од себе си и оние околу вас, патувајте, запознајте ја својата земја, плаќајте данок, дишете длабоко, не фрлајте отпадоци, слушајте добра музика, научете да свирите барем една песна на било каков инструмент, кажете некому дека го сакате, утре кажете му повторно, пропуштете некого на пешачки премин, научете странски јазик, напишете писмо и пратете го некому кому одамна не сте му пишале, возете ролерки, научете да скиете на трева, нахранете Гугутки во парк, држете диета, грижете се за телото и вежбајте го умот со добри мисли!

Бидете слободни!
На слободни луѓе не им се потребни закони!


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]