Ивор Мицковски: Знаете што е врвната трагедија на ова општество, хипокризијата, ете тоа е


Знаете што е врвната трагедија на ова општество, хипокризијата, ете тоа е.
И после 6 години од смртта на Тамара рочиштата постојано се одлагаат и се уште нема одговорни.
Нема веројатно и зошто некогашниот Министер за здравство денес е советник на актуелниот министер, како што овој беше негов на времето, плус е поддржувач на политиките на власта, како и противник на опозицијата.


 

Еден куп политичари, еден куп квази активисти, актуелната политичка гарнитура, политички испрофитираа на времето од маките и смртта на ова девојче за кое денес нема правда.
Во меѓувреме актуелниот министер се слика со ќерката на донаторка на органи.
Ќе ми простите, ама мене тоа ми е дегутантно и ми личи на политички маркетинг во кој се употребуваат деца.
Поканата можела да биде прифатена и без од тоа да се направи ПР.