Ивор Mицковски: Во европски држави за ваков дебакл, дури за бегствава, е и тоа какви бегства со дежаву, паѓа Влада


Не знам повеќе со кој легитимитет, освен изборен и коалициски, со тоа и дубиозен, оваа Влада продолжува понатаму.



Сите круцијални ветувања пропаднаа.

Од Правда, преку ЕУ, до подобар стандард или ефикасна Влада за справување со пандемијата.

На сите полиња владее тотално фијаско, според сите стандарди и индекси тонеме во криминал и корупција, и понатаму важиме за хибриден режим, и никој не полага никаква одговорност.

Па во европски држави за ваков дебакл, дури за бегствава, е и тоа какви бегства со дежаву, паѓа Влада.

Овде си тераме како никому ништо.

Да не збориме дека нема кој да навлезе или колку воопшто не се бавиме со актуелниот криминал, рекет, корупција и непотизам.

Да не збориме колку луѓе разочаравте и каква шанса пропуштивте за правна држава и праведност, за исправање на грешките.

Не знам веќе ни зошто зборам, никому не му е гајле, испадна дека јавните борби или залагања против режим, против коруптивна и криминална власт е само борба против ветерници.

Жал ми е за сите апологети и полтрони кои пливаат во ова срање, молчат и станаа дел од нормализацијата на режимот.

Не разбраа дека станаа она што го мразеа.

Македонија е безнадежна земја за подобро и за достоинствен живот, ќе си продолжиме со нашите ситни животи, мали борба и мали среќи и радости.
Големат слика е дефинитивно скршена.