Општина Центар ќе дозволи изградба на втора висококатница кај Холидеј Ин, Карпош ги блокира спортските сали за клубовите и децата, затоа што во Советот го блокираат од градење на висококатница.
Тоа што е индикативно и за двата случаи е што владејачката партија стои и зад двата обиди да се силува јавниот интерес и простор, иако дојдоа на власт со ветувања дека ќе запре дивиот урбанизам и урбанистичката мафија.
Само се здружија со тие што наводно ќе одговараа.
Напротив, во нивно време повеќе се гради и повеќе дозволи се издаваат, се прави невиден криминал и се дигаат дивоградби насекаде.
Граѓаните беа предадени од оние кои ги направија власт, а за возврат добија уште поголемо насилие и самоволие, комплетно губење на критичкиот глас и на моќта нешто да се промени.
Измама на векот и се случи на цела држава.
Но, вака слабокрвен, апатичен и корумпиран народ не ни заслужува ништо подобро.