Ивор Мицковски: Така да, тоа е, денес ако немате намера да излезете на улица џабе се жалите по социјални мрежи


Ви текнува дека имаше луѓе кои цели три години на преку 160 протести излегуваа секоја недела на улица и протестираа против тоа што беа исклучени од системот на Топлификација, а сметки им доаѓаа од БЕГ.


 

Искрено не го ни паметам веќе епилогот, ама сакам да кажам луѓево беа жилави и кога се бореа никој не ги поддржа, седеа по 10-20 души и се ротираа на протести.
Така да, тоа е, денес ако немате намера да излезете на улица џабе се жалите по социјални мрежи.