Ивор Мицковски: Опасно е кога заради партиски интереси се подигрувате со националните интереси


Опасно е кога заради партиски интереси се подигрувате со националните интереси.
Јас лично сметам дека не треба да постојат двојни државјанства, особено не за политичари, но тоа е законски и вие не го променивте.


 

Напротив, вие преговарате со Бугарија и нејзините ревизионистички политики, се ценкате со нивните барања и обиди да ги искористат или претстават нашите граѓани со бугарско државјанство како бугарско малцинство, не ги спречувате бугарските инфилтрации во внатрешните работи и политика на Македонија и вакво прашање, што Бугарија ќе го злоупотреби утре, го користите за предизборни цели.

Да ве потсетам и на ставот на вашиот лидер: „Лесно е да кажеме сите аман нека нема двојни државјанства гледано низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија.

Ама, притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиона наши жители надвор низ светот, тоа е наша дијаспора, тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава“, рече денес премиерот Заев запрашан дали би поддржал законско решение со кое би се регулирала обврска македонските јавни функционери и политичари задолжително и транспарентно да декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство.

„Не можам да кажам дали ќе поддржам или не“, рече премиерот, при тоа потсетувајќи дека Уставот дозволува бипатритност и дека во Парламентот веќе имало закон кој дозволува дипломатот да има двојно државјанство. Тој посочи дека меѓу амбасадорите кои веќе ги имаат предложено е и Емил Кирјас со огромно меѓународно влијание, кој покрај македонкото има и британско државјанство.