Ивор Mицковски: Никој не верува ни во одговорност, ни во правда, ниту дека нешто ќе се оправи


Со таква општа недоверба една држава не може да опстојува.


 

Ќе остане болката и револтот на жртвите, нивните семејства и пошироката јавност која е постојано допрена од оваа системска неспособност, негрижа и неодговорност на коруптивниот и криминален систем.

Што и да се направи сега е џабе, но барем ако се почне, ако се почне реално да се одговара, реално и сериозно да се работи, реално да се гледа јавното добро, нешто од нешто во иднина можеби ќе се поправи.

Вака, како што тераме досега, со лажливи и фалични наративи за некаков напредок и успех, само ќе се редат нови и нови трагедии, додека ние само ќе прелетуваме преку нив.

Нели гледате дека секоја и најситна негрижа, секој и дури најприфатлив коруптивен процес, во една оштетена земја како нашата, потоа креира и завршува со трагедија.

Остров на тагата сме.