Ивор Мицковски: Ние не знаеме ништо, ни колку внесуваме, ни колку изнесуваме отпад


Абе демократи, Лилто ви кажува дека ништо не правите околу загадување и отпад, дека само давате изјави и купувате време.
Немаме лаборатории, немаме мерни станици, немаме одговорни лица, немаме појма што се случува, ама важно не смирувате со – порано беше полошо и ќутете може да биде и полошо.
Ние не знаеме ништо, ни колку внесуваме, ни колку изнесуваме отпад, дали ќе имаме депонии во едни региони или други, дали тоа што го внесуваме е опасно или не, дали тоа што се внесува се согорува или не.
А се разбира дека тоа што се внесува се согорува.
Вие си останавте на ставот домаќинствата загадуваат и толку.
Многу е просто во суштина, вие со овие прашања не се нафаќате и готово.
Исто како со правдата, помеѓу некаква правда и одговорност, се одлучивте за амнестии и дилови, додека во исто време со вашите купени новинари и невладини, ботови и цела ергела клиенти ќе изигрувате морална полиција.
А Лилто еднаш треба да се одлучи, дали ќе преземе одговорност да биде соучесник или ќе биде денунцијатор.
Не може да бидеш и двете.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]