Ивор Мицковски: Не режим, ова е режим на неспособни и арогантни саможивници кои мислат дека можат да прават што сакаат


Косово обезбеди 500 илјади анти-ковид вакцини од „Фајзер”.



Хаха, нашите неспособњаковичи пак се извадија.

Пак исполажаа, пак неспособни, и пак никому ништо.

Ние сме пелцувани од срам и одговорност.

Интересно е дека нашето каснење, не е само во апсолутни бројки во однос на популација, знаејќи дека со новата варијанта треба барем 90 % од популација да се вакцинира, и дека треба да се примат две дози, и дека сите тие 90 % треба да бидат покриени во 9 месеци, оптимистички земено, иако никој не знае точно колку време трајат ефектите на вакцината.

Како тоа ние ќе го постигнеме, мене ми е нејасно.

Потоа тука се тешките услови за складирање, кои со вака неспособна власт, прашање е како тоа ќе се набави, а камоли прописно потоа употреби.

Целиот логистички процес е пресериозен за вакви дилетанти.

Дистрибуцијата и вбризгувањето на вакцината е заебан процес.

Потоа тука е гигантскиот процес, сите што треба да се вакцинираат да бидат некако исконтактирани, ќе треба некој вид на Мој термин.

Потоа тука е проблемот како да најдеш и обучиш доволно луѓе за илјадници вакцинирања дневно.

Ееееј, и никој не збори ништо, никаква транспаретност, никава реална дебата за проблемите, недостатоците и неодговорноста.

Не режим, ова е режим на неспособни и арогантни саможивници кои мислат дека можат да прават што сакаат.

Ако на се тоа го дадеме и фактот дека преку 50% од популацијата нема намера да се вакцинира, нештата се навистина мрачни и депресивни за Македонија.

Во идиотска ситуација препуштени сме на ординарни идиоти, и тие што би сакале да ги заменат, се уште поголеми идиоти.

Не е проблемот само недостатокот на вакцини кои нашите власти не ги обезбедиле, проблемот е во цел еден синџир на пропусти, каснења и грешки, кои нема да се решат сами од себе.

Една од државите која имаше највисока стапка на смртност, со власт која никако не одговараше, ниту чувствува одговорност, на пат е да си го продолжи катастрофалното раководење со кризата.

Постигнувањето на имунитет на стадо не може да се направи низ процес од 2-3 години, мора во краток период, односно, ние нема никогаш да стекнеме колективен имунитет со малку вакцини и при оваа општа неспособност.

Преку сила во секој даден момент ќе имаме околу 20% вакцинирани.