Ивор Мицковски: Колку што може да се разбере од толкувањата на даночните експерти, најавената даночна реформа повторно ќе удри по обичниот човек и сиромашните


Колку што може да се разбере од толкувањата на даночните експерти, најавената даночна реформа повторно ќе удри по обичниот човек и сиромашните, ќе нема суштински прогресивен данок, што значи и сиромавиот ќе плаќа колку и богатиот, и ќе се воведат предлози ала Груевски за оданочување на хонорарците.
Ај сега малку политички ова да го преведеме.

 

 

Вие дечки, ај што се убивте од задолжувања, а ништо не направивте, само покривавте дупки, товаревте магарето и полневте партиски тендераши, сега ќе не догузите и доискрадете.
И знаете ли што ве прави една ваква реформа, ве прави подесничари од најдесните, вие што уште се именувате како социјалдемократи.

Притоа голем дел од вас се милионери, како што се мултимилионери вашите бизнис партнери ала Анѓушев и компанија со кои си носите одлуки.
Испаѓа дека вие со насмевка на лице им кажувате на милион сиромави или на граница на мизерија, дека отворено ќе ги крадете, па уште и им се фалите со кражбата која сте ја смислиле.
Јас друго објаснување за дупешкава не гледам.