Ивор Мицковски: Идејата драг Зоране беше да се дојде до договор и разбирање со Бугарија преку компромис


Идејата драг Зоране беше да се дојде до договор и разбирање со Бугарија преку компромис, а не на народот да му продаваш дека компромисот се состои во тоа дека Софија го признавала јазикот и идентитетот, а ти за возврат да ги признаеш, прифатиш и промовираш сите нивни негационистички, ревизионистички и лажни барања.



Ти си човеку неверојатен, за да продолжи твојата “искусна” политичка приказна, подготвен си да прејдеш преку секаква небулоза, несвесен дека државното пријателство и односи, не можат да се базираат на твојот интерес, интерпретација, на твоја замисла што е пријателски однос меѓу две држави и општества.

Дури и да Бугариве ти го купат поданичкиот наратив, секој паметен ќе знае дека го поставуваш на трули основи, и дека секако ќе остане ресентиман за кој тебе ти е гајле.

Јеботе, изгледа будалана Каракачанов бил у право, само едно згрешил, ти и на Бугарите и на Македонците им брцаш нож во грбот.

Идејата беше компромис, не капитулација.