Ивор Мицковски: И на се тоа, продолжуваат политичките игранки и тепачки за брзи избори


Имаме повторно подем на заболени со стапка од 12 проценти.
Имаме највисок процент на смртност во регионот и трети сме во Европа, после Шведска и Британија.
И на се тоа, продолжуваат политичките игранки и тепачки за брзи избори.
Не можам од друга страна да разберам како целата одговорност се префрлува на МВР, кога Владата не сакаше да ги запре верските обреди или да престане со арбитрарните, контрадикторни и селективни мерки во насока на брзање кон избори.
Потоа тука е и тезата за потребата од политичка Влада, и тоа доаѓа од партија која има 22 министри и 15 министерства.
Значи, ако до толку е само Чулев и МВР виновно, не правете само политичка пропаганда, туку тргнете го и другите две заменички и направете политичка Влада.
Ама да се гледа ова мизерно шоу, да се гледа како се прави лов на вештерки и се туркаат партиски агенди, (и тука се виновни сите партии), стварно е мизерно и очајно.
Откако се почна за избори да се збори има преку 20 починати, се заборави сериозноста на ситуацијата, се загрози целосно секуларниот карактер на државата и се дозволи генерално опуштање поради конфузноста на мерките.
Почнавте сите да водите само партиска кампања и пропаганда.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]