Ивор Мицковски: Финтата со странски гости и пораки пак ни ја сервираа


Дебата исфингираа.
Финтата со странски гости и пораки пак ни ја сервираа.
Сите платеници, сите што вадат леб од јавни и владини пари ги истопорија да го бранат неодбранливото.
Протоколот не го објавија, моравме од бугарски извори да го читаме.
Сите странски експертски мислења ги игнорираат.

 

 

Сите домашни експертски и критички мислења ги игнорираат.
Наместо да делуваат превентивно против насилниците, политички си играат со насилството за сите да ги стават во иста корпа и да испаднат жртви.

Нивните ботови и платеници исповреѓаа се што можеше да се исповреѓа граѓанско.
Но, пак останува најболниот факт, против вистината и аргументите, против европските вредности и нашите национални интереси, исполажаа, искреираа, договорија и ветија на странци дека ќе потпишат далекусежно штетен документ и ќе прифатат преговори каде се внесени бугарските барања и погледи на штета на нашите.
И кога нема да успеаат да го променат Уставот со 2/3 мнозинство, виновни ќе испаднеме ние, а не Бугарите.
Промашија се што може да се промаши.

линк