Ивор Мицковски: Е тоа е смртта на еден народ и една држава, кога со се ова мирно и мизерно може да живее


Имаме најголема инфлација и најголемо поскапување во цел регион и Европа.

 

 

Грцине излегоа на генерален штрајк у далеку полесна ситуација.

Ама тоа што посебно ме иритира, повеќе не е нашата апатичност пред неспособноста и неостварените ветувања.

Ме нервира што толку сме мртви и поткупени ко народ, институции, држава, што во исто време додека сме најсиромашни, власта си продолжува со криминал и корупција, со партизација и непотизам, со местење судии и обвинители, со понижување на сопствениот народ преку трули договори и лажен напредок.

Е тоа е смртта на еден народ и една држава, кога со се ова мирно и мизерно може да живее.

Колку сме уназадени всушност во нашиот пркос, во нашите барања и нашите сфаќања од пред само неколку години.