Ивор Мицковски: Бидете сигурни дека да продолжеа со пописот немаше да има никакви мерки


Бидете сигурни дека да продолжеа со пописот немаше да има никакви мерки.
Абе они не сакаа да се откажат од попис и покрај сите здраворазумски сугестии.
Дневно умираа помеѓу 30-50 луѓе и они пак си тераа.
Требаше да се случи политички дил и да се одложи пописот за они да видат дека постоела тешка епидемиска состојба.
Се ова во ситуација на општа катастрофа при набавките на вакцините и апла фатени дека воделе криминални и за провизија постапки.
Како воени профитери беа фатени во криминал, дека тргуваат со здравјето на граѓаните.
Сега каснат со мерки барем месец дена и збореа секој ден колку се е под контрола, инсистираа странци да ни влегуваат по домови, објаснуваа како мерки немало поента да се носат пошто вирусот бил прераширен.
Значи вака страшни небулози се изнесуваат и така јаки спрдачини се прават со интелигенцијата на јавноста, да човек помисли дека намерно не дупат у здрав разум.
Реалноста е пострашна, они не дупат, ама за да покријат колку се неспособни и да си ја покријат прљавата совест за своето криминално поведение.
Срамота е каква неодговорна багра на воени профитери не водат низ оваа несреќа.