Ирена Ристиќ: Јас да сум градоначалник би ги срушила дискотеките во Парк


Јас да сум градоначалник, би имала советници кои ќе ме шамараат на секоја глупа идеја…

Јас да сум градоначалник би ги срушила дискотеките во Парк.

Јас да сум градоначалник не би дозволила изградба на Забавен Парк во зелената оаза на главниот град, туку истата би ја проширила… до недоглед!

Јас да сум градоначалник, забавниот парк и сите придружни панаѓури шо тој ги повлеквит, како и дискотеките би ги направила надвор од градот, со доволно паркинг простор (или некаков организиран превоз), каде навистина ќе бидат забава и не на штета на останатите жители, таму некаде, кадешто нема да пречат никому, ниту на луѓето, ниту на животните.

Јас да сум градоначалник, би забранила пристап до Градскиот парк со автомобили. Најстрого би забранила се’ што би ја нарушило хармонијата.

Јас да сум градоначалник би изградила огромна стаклена библиотека во Градскиот парк. И ботаничка градина.
И детски креативен центар. И една џиновска галерија. И една музичка сала. И секаде би се стасувало исклучиво пешки и на велосипед.
И со тоа би се фалела.

Али, пошто не сум, ми останува само да се пофалам дека денес од 11ч метеме карши Влада!

НЕ БИДИ ЃУБРЕ

Вести

O2 Иницијатива: 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС

☣️ 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава […]

Вести

Криворучко: Првиот „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воздухопловни сили

Првиот сериски произведен борбен авион од петата генерација „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воено-воздухопловни сили, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, Алексеј Криворучко. -Што се однесува на програмата за создавање […]

Вести

Инспекторатот во контрола на ОХИС: Истекла течност од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршат увид во кругот на Охис каде се случило излевање на вода со која […]