Игор Аврамовски Александров: 30 Септември – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ОТПОР



30 Септември – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ОТПОР


 

На овој ден минатата година, граѓаните на Република Македонија избраа да не соучествуваат во криминалното рушење на суверенитетот и уставот на македонската држава. Решија да не соучествуваат во измамничкиот референдум за политичко легитимизирање на правно и морално нелегитимниот ‘Преспански договор’, кој претставуваше неуставно газење на суверенитетот на македонските граѓани и нивните меѓународно утврдени човекови права и слободи, како рамноправни припадници на човечкиот род. Решија да не соучествуваат во предавничкото и злосторничко рушење на Република Македонија и нејзиното заменување со дивотворбата наречена ‘Република Северна Македонија’.

Македонските граѓани имаа храброст во убедливо мнозинство да го бојкотираат нелегитимниот референдум и покрај масовните притисоци, уцени, врбувања и заплашувања од квислиншко-балистичкиот режим, спонзориран од големогрчките и големобугарските националисти, кои со дивотворбата сакаат да си ги заштитат вештачките нации градени со геноцидни и етноцидни политики. Покажаа храброст да ги бојкотираат и неоимперијалистичките политиканти и бирократи на Соединетите американски држави, Европската унија и НАТО, кои формалните слободарски и демократски определби на своите држави ги потчиниле на личните дневнополитички и мегаломански интереси и импулси.

Затоа, овој ден треба да служи како симбол на продолжената македонска борба за ослободување на Република Македонија од квислиншко-балистичките узурпатори и нивната криминална дивотворба наречена ‘Република Северна Македонија’.

Долу ‘Република Северна Македонија’ и квислиншко-балистичкиот режим!

Да живее Република Македонија и Македонскиот народ!