Хајредини: Државата “од овој грч” не може да ја спасите во коалиција со тие што до овој грч ја донеле


Ние секако ќе се водиме од очекувањата на нашите гласачи, интересите на Албанците во Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нашите партиски и национални цели. Ако во преговорите видиме дека г. Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност вели Гаши..„

 

 

П.С.
И до сега сите се воделе од очекувањата на гласачите и .стигнале до 111 место со корупција во светот и во многу тешка кризна ситуација. Државата “од овој грч” не може да ја спасите во коалиција со тие што до овој грч ја донеле.

Нема потреба и вие да бидете толку “длабоко заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија…”, затоа што и најкорумпираните никогаш не рекле дека се против тоа.