Среќни беа генерациите кои учеа историја. Без тој предмет, луѓето ќе бидат со исплакнати мозоци. И такви ќе водат (веќе водат) држави.
Таквите ќе бидат само неоколонијални, глобалистички кукли на конци. Нивните граѓани ќе им служат скоро како робови, за ништо нема да одлучуваат, а земјите ќе им бидат ограбувани од “газдите“, од тие надвор и од “елитите“ дома.
Историјата мора да се врати на голема врата. И целото образование да се реформира. Не според умот на НВО министри, туку од луѓе кои знаат што прават!
Тоа е темелот на една држава, тоа е силата и критичката размисла на секој поединец. Со молчеливи, исплашени луѓе, со неуки луѓе, секој ќе манипулира.