Една поучна анегдота за сите генерали после битка, за сите генијални прогнозери на изборните резултати, за сите што “знаеле” што ќе се случи но ете дури денеска решиле да проговорат:
Пред крајот на есента, Индијанците отишле кај својот селски врач да го прашаат каква ќе биде зимата. Тој се замислил малку, погледнал во огнот, пафнал од лулето и им рекол – ќе биде студена.
Индијанците веднаш почнале да собираат дрва за огрев. А зимата потоа била блага…
Следната година, Индијанците пак го посетиле врачот и пак му го поставиле истото прашање. Врачот сега размислувал подолго и цел час пафкал со лулето, па им одговорил – и оваа зима ќе биде студена.
Индијанците заборавиле што се случило претходната зима и пак собирале дрва за огрев. Многу дрва. А зимата била дури поблага и од претходната зима.
Третата зима врачот одлучил да не ги изневери своите Индијанци и овој пат да им даде точна прогноза. Отишол во најблиската метеоролошка станица и го прашал метеорологот каква ќе биде зимата.
– Студена, многу студена! – веднаш му одговорил метеорологот.
– А како го знаеш тоа? – се зачудил врачот.
– Ха… Па тоа е барем лесно да се предвиди. Не гледаш ли дека Индијанцине две години по ред ко луди собираат дрва за огрев?